„Боинг“ ќе плати казна од 6,6 милиони долари за непочитување на договорот за безбедност

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека компанијата „Боинг” се согласила да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година.

Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг” се согласил да ги промени своите внатрешни процеси за да се подобри и да даде приоритет на усогласеноста и 1,21 милиона долари во два други случаи.

-„Боинг” не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодување, врз основа на што ФАА ги вклучи и дополнителните пенали, рече администраторот на ФАА, Стив Диксон.

Компанијата, која во 2015 година плати 12 милиони долари како дел од спогодбата, засега не излезе со коментар на новата казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот