Бои кои го подобруваат расположението

Недостатокот на сонце и обоеноста на градот во сивило, на многумина лошо им влијае на расположението.

Многумина зимата ја доживуваат како хибернација додека чекаат да дојде пролет или лето. Но, тоа и не мора да биде баш така. Многу тврдат дека решението за подобро расположение во зима е носењето на светли бои. Психологот и авторка на книгата „ Мала книга за боите“ од Карен Халер, објаснува дека боите првично жолта, црвена, розева, зелена и сина инстантно го подобруваат расположението.

„Светлите бои инстантно го подобруваат расположението. Нашата самодоверба расте кога од глава до пети ќе се облечеме во омилената ведра боја која добро ни стои“, пишува Халер и додава дека облекувањето во светли и ведри бои им пружа на нашите емоции едно многу позитивно и здраво искуство.

„Нашиот мозок ведрите бои најчесто ги поврзува со убави спомени. Па, затоа ако се облечете во жолта облека ќе се чувствувате весело, а во црна – потполно спротивно“, заклучува таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот