Богојески: Воведување на една изборна единица и на ново кривично дело – лажно политичко ветување (ВИДЕО)

Петар Богојески/ Фото Слободен печат

Имаме уникатна и издвоена кампања која е одлично прифатена од граѓаните. Настапуваме храбро и сакаме да се „тепаме“ со посилните. Сведоци сме на негативна кампања со премногу омаловажувања на лична основа и премалку конструктивна дебата помеѓу нас кандидатите. Едвај се појаввиме на неколку тв дебати со конкуренцијата. Скоро не се ни појавија вистинските конкуренти. Професорката Силјановска и Апасиев избегаа од дебата. Со тоа покажаа дека не се подготвени да се дебатира со конкуренти, туку само да се користи црна кампања како адут, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

-За време на кампањата не постои голем или мал, достоен или недостоен противник. Секој кандидат во изборната единица е кандидат на исто рамниште и сите започнуваме од почетна поддршка. Она кое го направија како најголем проблем сите политички партии без исклучок е засилување на апатијата кај граѓаните и желбата што помалку да се излезе на гласање. Јас апелирам дека со неизлегување на гласање им помагаат на оние кои ги натерале да се чувствуваат така. Единствен начин да се направи промена на политичката сцена со нови актери е да се излезе на гласање, изјави Богојески кој додаде дека Македонски концепт очекува поддршка од граѓани со силен личен интегритет, индивидулаци, луѓе кои се свесни за ситуацијата во земјава.

-Битна порака за оваа кампања е тоа што ние сме го погодиле во сржта нашиот проект во воведување на ново кривично дело – лажно политичко ветување. Во Македонија, во оваа кампања има ветување за вселенски центри, за зголемување на платите повеќекратно итн.

-Јас очекувам на овие избори граѓаните да не им простат на оние кои ги лажат веќе 30 години и да ни дадат шанса да направиме разлика во парламентот, вели Богојески кој смета дека со влезот на пратеници од Македонски концепт како предуслов за избор на влада би го ставиле измената на изборниот закони и воведување на една изборна единица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот