Богојески: Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност

Петар Богојески на последната граѓанска трибина која се одржа на кејот на Вардар во Карпош 4 ја повтори програмата на Македонски концепт заснована на концептот 3С, односно Слобода, Спокој и Солидарност. Богојески зборуваше за слободата како една од клучните алки за постоење на едно демократско општество. Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност.

Македонски концепт во делот слобода од својата изборна програма предвидува низа политики и мерки кои се насочени кон вистинска слобода на државата и граѓаните. Тоа значи да има низа рестриктивни мерки кон политичките субјекти за да претане сето она што се случува последниве денови.  Една од клучните програми на Македонски концепт е политиката на воведување ново кривично дело – лажно политичко ветување.

-Ако имавме такво кривично дело денес на овие избори, јавното обвинителство ќе имаше полни раце работа после изборите. Сето она што значи политичко ветување да биде евидентирано во текот на кампањата, програмата да биде депонирана во ДИК и во обвинителство и после периодот назначен за реализација на ветените проекти, по иницијатива на членови на ДИК или било кој граѓанин кој чувствува дека е измамен да има право да отвори постапка за утврдување одговорност за лидерот на политичката партија или самата политичка партија како правно лице, потенцираше Богојески.

Богојески се осврна и на законот за финансирање на партиите. Како што вели, со тој закон сега се валоризираат неколку политички субјекти и на тој начин сме сведоци на нерамноправна битка во сите избори однапред да бидат факторизирани истите тие субјекти.

-Ова е нешто кое се случува со години, само што останатите политички субјекти упорно се прават слепи и тоа не го истакнуваат, исто како што не се истакнува дека само 10% е просторот за целокупната конкуренција за рекламирање и финансирање. За да констатираме дека живееме во едно целосно слободно општество во кое нема ограничувања да бираме и да бидеме бирани, многу тешко ќе може да се оствари без да се реализираат овие неколку проекти презентирани од Македонски концепт. Овие политики може да дадат целосна промена и шанса за сите граѓани да можат да дејствуваат во насока на зацврстување на државноста на Македонија. Редно време е да се запрашаме дали знаеме за кого и за што ќе гласаме за само неколку денови?- додаде Богојески.

Д-р Елена Зафировиќ зборување за проектите за деца со пречки во развојот и згрижување на бездомните животни кои се дел од програмата Солидарност.

-Секоја цивилизирана држава мора да се погрижи за детската и возрасна популација кои имаат пречки во развојот да се чувствуваат не како товар на општеството, туку како рамноправни членови. Грижата за децата и возрасни со попреченост е оставена целосно на нивните родители и најблиското семејство, додека државата има многу мал, ако не и никаков удел во тоа. Ние треба да започнеме од почеток- истакна Зафировиќ.

Тоа значи, потенираше таа, право на пристоен стандард и квалитет на живеење и на овие лица и нивните семејства како и едукација на поширокото население и прифаќање на овие дечиња од најрана возраст.

-Ова ќе го постигнеме на тој начин што ќе се обезбеди за секое дете во училиштата систем којшто ќе биде или образовен или персонален. За реално остварување на ова треба да се зголеми бројот на тие персонални асистенти кои ќе бидат по еден за секое дете. Дополнително мора да обезбедиме грижа за овие дечиња додека нивните родители работат, со тоа што треба да се даде опција родителот да има статус родител негувател- изјави д-р Зафировиќ.

Адвокатот Илија Илијевски говореше за третиот столб од програмата 3С – Спокој. Тој нагласи дека во Македонија имаме судска власт која е комплетно монополизирана од извршната и законодавната власт.

-Политичките елити во овие 30 години најмногу се концентрираат да ја контролираат извршната власт преку која што ја контролираат и законодавната и судската власт.  Идејата на Македонски концепт и на правниот тим којшто работи на програмата е тоа веќе да запре. Да почнеме да воспоставуваме практики кои што навистина Македонија ќе ја доведат на ниво на една нормална држава каде што особено правосудството ќе ја има улогата која што му е доделена со уставот и ќе ја зајакне”, изјави Илијевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот