Богојески: Не може да се опише разочараноста кај граѓаните, немаат надеж за подобра иднина во државата

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1, Петар Богојески заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија.

Не може да се опише разочараноста кај граѓаните, потенцира Богојески, кои преку разговор ја споделија со нас. Немаат надеж за подобра иднина во државата.

-Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10ка. Затоа што глас за 10ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Граѓаните на Македонија заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено. Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10ка за победа на граѓаните врз политичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот