Богојески: Да гласаме за број 10, за граѓанска контрола во Парламентот и за единствената шанса за сигурна промена

Лидерот на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1, Петар Богојески заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица го посетија и разговараа со пазарџиите од Зелен пазар. Владее огромна разочараност од владата, разочараност од системот и институциите. Празни ветувања, а ништо исполнето.

„Со години ги слушаат истите ветувања и се излажани од властите дека ќе им се обезбедат достојни услови за работа во нов, реновиран пазар. Политичките елити мислејќи само на обезбедување глас за власт, воопшто и не ги слушаат проблемите на граѓаните, а камо ли пак да ги реализираат ветувањата. Зелен пазар е руиниран, протекува вода, а пазарџиите се приморани да работат во несоодветни и нехумани услови, се со цел да обезбедат егзистенција за семејствата.  Тоа најмногу го чувствуваат во зимскиот период кога се приморани да работат на минусни температури”, вели Петар Богојески, носител на изборна листа за пратеници за ИЕ1.

Токму поради овие проблеми и размислуваат да ги бојкотираат изборите со тоа што нема да излезат на гласање. Богојески упати апел на 15 јули да излезат масовно на гласање и го дадат гласот за број 10 затоа што тоа е единствената шанса која ја имаат за сигурна промена, за достоен и безбеден живот.

„Да излеземе и масовно да гласаме за број 10, да ја преземеме контролата во наши раце! Ако не гласаме различно или ако апстинираме од гласање, ќе си остане се по старо и ништо нема да се смени следните години! Само граѓанска контрола во Парламент може да ги менува работите! Затоа што сите вие заслужување подобро”, додаде Богојески.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот