Богоевски: Станува збор за сериозна ситуација, како ќе се справиме со коронавирисот зависи од тоа дали ќе ги следиме препораките

Граѓанскиот активист и екс пратеник Павле Богоевски, вчера на својот Фејсбук профил објави дека ќе биде во самоизолација, поради тоа што се вратил од службен пат во Германија.

-Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми. Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна реакција на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните, напиша Богоевски.

Екипата на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го контактираше Богоевски. Тој во рубриката „Да се мијам или да продолжам да спијам“ изјави дека симптоми на коронавирус нема, но дека тоа не е причина да не се следат препораките за самоизолација од 14 дена.

-Во овие моменти треба да сфатиме дека станува збор за сериозна ситуација и дека успехот на тоа како цела држава ќе се справи со коронавирусот зависи дали ќе ги следиме мерките и препораките на здравствените власти, изјави Богоевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот