Богоевски: „Рекет“ и „Империја“ не може да се третираат независно

Не може двете постапки, а посебно нивниот исход, да се третираат одделно и независно, бидејќи доколку во едната постапка (Рекет) се докаже дека имало противзаконито влијание врз друга постапка (Империја), тогаш втората мора да биде прекината, без разлика во која насока било влијанието, пишува на Фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски.

„Како што беше кажано на самиот прес, Катица Јанева е единствената која донесува и потпишува одлуки. Впрочем, нејзината функција е Специјален јавен обвинител. Што се однесува до правниот систем, таа е СЈО. Во институцијата и во судниците, сите други обвинители и обвинителки се нејзини заменици“, пишува Богоевски.

Тој објаснува дека ако се докаже дека имало противзаконито влијание во една од постапките за кои е надлежна единствено Специјалната јавна обвинителка, тогаш треба да се ревидираат сите постапки кои таа обвинителка и тоа обвинителство ги водело.

„Ова не значи дека сите постапки ќе пропаднат, туку само оние кај кои би било утврдено противзаконито влијание“, вели Богоервски.

Тој потсетува на трвдењето на Катица Јанева  дека нема потреба да се бара притвор за Груевски пред тој да избега, на поплавата во СЈО, кога освен списите за „Империја“, беа опфатени и списи за уште два предмети.

„Не може да има владеење на правото и правна држава без фер и правична постапка за сите. За сите без разлика дали, политички кажано, се од „нашите“ или од „нивните“ и без разлика дали повеќето од нас овие „оштетени“ ги сметаме за најголемите криминалци кои некогаш постоеле во државава. Сега, Собранието мора да најде законско решение со кое СЈО ќе се внесе во редовниот обвинителски систем и ќе биде подложно на сите мерки на контрола и надзор како и останатите обвинители“, пишува Богоевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот