Богоевски: Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!

павле богоевски
Фото: Павле Богоевски/ Драган Митрески

Поранешниот пратеник Павле Богоевски истакна дека недостасуваат одговори на неколку прашања по денешната прес конференција на обвинителката Вилма Русковска и Љубомир Јовески за апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милески.

-Прашања кои треба да бидат одговорени по пресот на ОЈО:

1. Дали Обвинителот на кого осомничените наводно се обиделе (или успеале) да му/и вршат влијание го пријавил случајот по службена должност?

2. Јавниот обвинител одговори дека предистражната постапка е започната по кривична пријава во мај годинава. Дали пријавата е поднесена од органите на прогонот, или од оштетениот?

3. Дали материјалните докази се обезбедени од органите на прогонот, или од оштетениот?, т.е. Дали органите на прогонот сами го изготвиле предметот, или биле доведени пред свршен чин, во очи на веќе обезбедени докази и ризик истите да излезат во јавност во случај на нивно непостапување?

Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!, напиша Богоевски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот