Богоевски: Не се чувствувам из*бан, нити излажан

За крај додава, дека политиката е одвратно валкана работа, а политиката во нашава држава е една од највалканите во светот

Не се чуствувам из*бан, друштво. Последните четири години секогаш кога можев гледав да избегнам јавно да зборувам на тема Зоран Заев – бидејќи мислев дека тоа би било нецелеисходно и дека тоа не било моја работа. Но, денес се чуствувам повикан да одговорам и со сигурност, можам да кажам неколку работи, напиша на Фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски, кој своевремено беше учесник во Шарената револуција.

1. Причината зошто бев политички активен преку активизмот беше вредносна. Причината зошто одлучив битката да ја продолжам институционално беше лична – беше довербата која ја створив во тој човек. Не во партијата, не во коалицијата – во него. Доверба без која никогаш немаше да се нафатам за тоа лудило кое следеше и доверба која се’ уште ја имам.

2. Во овие четири години, во повеќе наврати сум имал судири со партијата. Секогаш кога имало и НАЈМАЛ простор за тоа, Заев бил на мојата страна.

3. Причината за објавувањето на оваа снимка е валкана, ниска и повеќе од очигледна.

4. Кога најголемиот дел од државава бараше моја оставка, истото го бараа и најголемиот дел високи функционери од СДСМ. Заев ги пресече во корен и ми остави простор сам да донесам одлука, постојано велејќи дека ќе ме поддржи, што и да одлучам. Ниту тогаш, ниту сега немам никаква причина да се сомневам во искреноста на таа поддршка.

-Фактот што во тие моменти имав сила да поднесам одговорност е нешто што денес прави да се чуствувам многу гордо и нема да дозволам никој да ми го одземе или извалка тоа. Повторувам – не се чуствувам из*бано, ниту излажано. Повторно би го направил истото, без разлика колку моето собраниско искуство ме чинеше лично – бидејќи со секој атом од телово верувам дека нашата држава и општество денес се неспоредливи со тие пред Шарената револуција и пред коалицирањето со СДСМ и другите партии- вели Богоевски.

Иако не сум на листа, потенцира тој, на 15ти повторно ќе гласам. Бидејќи верувам денес, како и пред четири години дека оваа опција е единствената која може да ја однесе Северна Македонија во иднината која ја заслужуваме.

За крај додава, дека политиката е одвратно валкана работа, а политиката во нашава држава е една од највалканите во светот. Срам ми е да кажам какви се’ работи не сум морал да изговорам, премолчам или толерирам при работењето кон тоа што сум верувал и се’ уште верувам дека било во најдобар интерес на граѓаните. Политичар кој ве убедува во спротивното или ве лаже, или не ја разбира својата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот