Богоевски: Не би штетело ВМРО да престанат да ја крадат државата, дури и од опозиција

Павле Богоевски
Павле Богоевски / Фото: Фејсбук, Павле Богоевски

Со денови, ВМРО и нивните мегафони правеа галама и плачеа околу „политичкиот прогон“ на таткото на Јаулевски, обезбедувањето на Мицкоски и остатокот од бандата поврзана со аферата Делчевски ниви. Знаете, онаа афера каде куп вмровци купиле ниви за 20-30 илјади евра и потоа ги продале на ЕВН за „само“ 1,6 милиони евра, стои во најновата Фејсбук-објава на активистот и поранешен пратеник, Павле Богоевски.

– Наводно, Мицкоски, Јаулески и останатите биле изненадени и запрепастени од најновиот прогон од „хунтата на Заев“. И се разбира, целосно невини. Како изненадени, кога ден пред претресите, добар дел од осомничените ги фрлиле старите телефони и ги замениле за нови? Како? Сосема случајно?

Не другари, некој од нивните шпиони во институциите ја пробил акцијата и ги известил своите шефови дека се под истрага. Среќа, не се доволно паметни за да знаат дека промената на апаратот не ги брише фотографиите, имејл-комуникацијата и листинзите од мобилните телефони. Ниту трагата на парите.

И потоа, Мицкоски сè уште и во секоја прилика упорно има образ да прашува до кога ќе ги збориме ВМРО кога зборуваме за криминал? Сè додека не ги тргат криминалните инсталации од институциите и не ги остават да си ја вршат својата работа. Ете, до тогаш.

А да, и не би штетело да престанат да ја крадат државата, дури и од опозиција, пишува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот