Богоев: Спортскиот центар „Партизан” треба да биде пример дека нема да дозволиме пропаѓање на јавните добра

Фото: Стефан Богоев/Слободен печат

Спортскиот центар „Партизан” треба да биде пример дека нема да дозволиме пропаѓање на јавните добра, на објектите кои се од јавен интерес. За рекултивирањето на јавните површини/објекти и нивна пренамена, како и правилното управување со отпадот, рече градоначалникот Стефан Богоев, на панел дискусијата во рамки на првата не – конференција: „Green City Unconference: A city that re (invents) itself”, во организација на фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје.

„Не – конференцијата” обедини на едно место претставници од институции, студенти, невладини организации и приватен сектор.

Градоначалникот Богоев пренесе дел од искуствата кои ги стекна за време на студиската посета на Германија. Тој е убеден дека голем дел од политиките може да се применат и во Карпош.

– Во текот на вчерашниот ден покажавме дека и Карпош може да биде дел од модерниот свет и правилно да управуваме со отпадот. Почнавме со преработка на сувите и скршени гранки, кои ќе бидат преработувани за живеалишта на мајмуните во Зоолошката градина. Претходно, во текот на зимата, од запленетите гуми за греење, направивме убави жардиниери и столчиња во училиштата и градинките, истакна Богоев.

Напомена и дека Општината трајно ќе го облагороди потегот од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, долж Кејот на Вардар. Со изведбата на Спортско-адреналинскиот парк ќе се придонесе за зголемување на зеленилото, но и за спречување на нови диви депонии и палење огнови на отворено.

Во интерактивниот дел студентите се интересираа за начинот на кој Карпош ги користи обновливите извори на енергија, предизвиците со отпадот, зборуваа за потребата од поголема координираност на институциите во доменот на собирање на отпадот и ја оценија како позитивна комуникативноста и достапноста на градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот