Богоев со трогателна објава се прости од Ангела Ангеловска: Си отиде највредниот „мајски цвет“

Стефан Богоев и директорката на градинката „Мајски цвет“ Ангела Ангеловска/ Фото: Фејсбук

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“. И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник, напиша на својот фејсбук профил актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев.

-Да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во Карпош. Ангела, ти благодарам за тоа што ми беше соработник. Чест ми беше што те познавав и што заеднички сработивме многу. Си отиде највредниот „мајски цвет“, но ги повикувам сите вработени во градинките да го продолжат нејзиниот пат, да се грижат за дечињата и условите, како што Ангела тоа го правеше, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот