Богоев: Не сум отуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13

Фото: Стефан Богоев/Слободен печат

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста единствено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави „Телма“.

-Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во општината – вели Богоев за „Телма“.

Телевизија јавува и дека им се губи трага на 233.000 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.

Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот ги побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.

По само 3 месеци откако Бојан Јовановски и Јасна Мандиќ ќе соберат 1,000, 000 милион евра од бизнисмени, во април 2018 година ќе најават дека отвораат нова телевизија под нивна раководна палка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот