Богоев: Намален бројот на луѓе кои работат во општината, карпошани ги почитуваат препораките

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ бифираше за состојбата во општината.

-Општина Карпош следејќи ги препораките од Владата го намали бројот на луѓе кои што работат во општината. Комуналните јавни претпријатија целосно ги спроведуваат мерките и ревносно си ја вршат работата, рече Богоев.

Тој кажа дека за време на викендот ќе се врши испорака, како и дека граѓаните се однесуваат одговорно.

-Максимално се вложуваме во борбата со коронавирусот. Морам да кажам дека прилично сум задоволен со однесувањето на карпошани. За време на викендов ќе имаме ресторани, дежурни аптеки и маркети кои ќе вршат испорака, вели Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот