Богоев: Исти структури во Бугарија и кај нас прават хистерија и работат да се вратиме во изолација

Фото: Стефан Богоев/Слободен печат

„Не постои државничка одлука која е важна за иднината на државата, во овие над 30 години независност, која не е донесена од Влада предводена од СДСМ, од впишувањето на државата во ООН, па се до членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па и решавање на клучното црковно прашање, сите овие одлуки ги има донесено СДСМ“, посочи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за „ТВ Стар“ од Штип.

Богоев рече дека за разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема донесено ниту една државничка одлука, а дури и кога такви одлуки се носеле, таа партија била секогаш против нив.

„Резултатите од изборите во 2019 и 2020 година кои дојдоа по потпишувањето на Договорот од Преспа, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица шират хистерија само во моментот, но реалноста потоа ги демаскира нивните лаги. И онаа хистерија што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја креираа во летниот период, исто така ќе биде демаскирана. Велеа бугаризација, јазикот не бил македонски и слично, а сите европски челници кажаа дека јазикот е македонски, со чиста формулација. На крајот, договорот за Фронтекс е прв договор со ЕУ потпишан на македонски јазик и еден ден, кога ќе станеме членка на ЕУ, македонскиот јазик ќе биде впишан како официјален јазик на Унијата“ порача Богоев.

Осврнувајќи се на последните случувања со Бугарија, Богоев оцени дека „исти структури во двете земји креираат проблем и хистерија со цел да нема помирување и да го зголемат евроскептицизмот и државата да се врати во изолација и национализам“, но дека тоа нема да им успее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот