Богоев: Големиот парк во Карпош е во напредна фаза

Стефан Богоев / Фото: Општина Карпош

Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев на е-конференција во организација на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (CeProSARD), во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух”.

Интензивно се работи на подигнување нови зелени површини, при што се поставуваат и системи за наводнување. Во изминативе две години, засадени се 1.560 метри квадратни нови тревни површини и 643 висококвалитетни дрвја во Карпош. Добро е што активностите во сферата на заштита на животната средина продолжуваат да се реализираат и покрај пандемијата со Ковид– 19.

Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев на е-конференција во организација на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (CeProSARD), во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух”.

Како што соопшти Општина Карпош, покрај тековното зголемување на зеленилото, интензивно се работи и на два паркови кои ќе претставуваат една целина, од Алпинистичката карпа до бунарите на реката Лепенец. Тука ќе се добие Спортско – адреналински парк, а децениските депонии веќе се минато.

– Целосно го израмнивме и теренот кај бунарите на реката Лепенец, заедно со градските јавни претрпијатија. Добиваме нов парк на повеќе од 60.000 метри квадратни, добиваме ново белодробно крило за Карпош и Скопје, рече Богоев.

На е-конференцијата, градоначалникот Богоев се осврна и на други активности кои Општината ги реализира во областа на екологијата. И покрај тоа што се исцрпија субвенциите за велосипеди и електрични тротинети, Општината ќе ја разгледа можноста при ребаланс на Буџетот, пред Советот, да се предложи уште една серија на субвенционирање на овие алтернативни превозни средства. .

На онлајн конференцијата се обрати и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Со поддршка од оваа институција се постави ново зеленило и систем за наводнување во училиштето „Војдан Чернодрински” (на Млечен), а ќе се продолжи со уредување на училишните дворови и на „Петар Поп Арсов” (Карпош 4) и „Христијан Тодоровски – Карпош” (Карпош1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот