Богоев: Адреналинскиот парк ќе биде готов летово, граѓаните на Карпош и Скопје ќе добијат нови бели дробови

Карпошани отсекогаш се ревносни, редовни и внимателни. Така беше и овој викенд. изјави за „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Нути едно од идејните решенија за новиот парк во Карпош не ги исполнил целосно зададените критериуми.

Деветнаесет идејни решенија за изгледот и содржините на новиот парк во Карпош стигнаа на конкурсот ,кој го објави Град Скопје минатиот месец. Мешовитата комисија од Град Скопје и Општина Карпош издвои 4 трудови како најкреативни, но ниеден не ја доби првата награда, бидејќи во целост не ги исполниле зададените критериуми и програмските барања. Поради тоа, беа доделени две еднаквовредни втори и две еднаквовредни трети награди. Паркот е едно од главните мои ветувања. Тоа е потегот од вештачката карпа во Карпош 4 до бунарите на реката Лепенец. Според проектот, покрај зеленило во паркот треба да има и други содржини како адреналински парк, игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини, парк со детски содржини, сквер и урбана опрема.

 

Четирите наградени трудови се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини. Согласно законските одредби, Општина Карпош и Град Скопје ќе пристапи кон изработка на основен проект за паркот, во чиј процес планира да ги повика на учество и авторите на четирите наградени решенија, вели Богоев.

Според градоначалникот на Карпош, граѓаните ќе добијат нови бели дробови.

-Новиот парк ќе се протега на површина од 60.000 метри квадратни, на просторот покрај кејот на реката Вардар во Карпош кој до сега беше депонија. Сега е целосно исчистен, потоа се влага во целосна реализација. Нов хумус, тревни површини, партерно уредување, терен за баскет, фитнес зона и слично.

Адреналинскиот парк сигурно ќе биде ова лето, за останите делови не сум сигурен. Битно е дека граѓаните на Карпош и Скопје ќе добијат нови бели дробови, истакна Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот