Богиќевиќ: Мојата одлука за повлекување на кандидатурата за градоначалник на Сараево е неотповиклива

Фото: youtube/printscreen

Богиќ Богиќевиќ вечерва испрати писмо до новоизбраниот претседател на Градскиот совет на Град Сараево, Јасмин Адемовиќ, во кое наведува дека не се откажува од повлекување на својата кандидатура за градоначалник на главниот град на Босна и Херцеговина и оти денешното гласање биле безпредметно.

– Пред два дена јавно и неотповикливо ја повлеков својата кандидатура и за тоа го известив предлагачот и јавноста. Неотповикливото повлекување значи и конечна одлука, за која понатаму не може да се разговара. Значи не се согласив да останам кандидат, па поради тоа не сум можел да бидам избран. Многу е некоректно што на денешната седница не е спомнато моето неотповикливо повлекување на кандидатурата, се наведува во писмото на Богиќевиќ.

Тој пред два дена се откажа од градоначалничката кандидатура, откако неговиот избор беше доведен во прашање со распадот на коалицијата „Четворка”.

Богиќевиќ денеска едногласно беше избран за градоначалник на Сараево на седница на Градскиот совет на Град Сараево. Тој беше кандидат на Социјадемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП БиХ).

Богиќевиќ од 1988 до 1991 година беше член на претседателството на СФРЈ од БиХ и учесник на седницата на претседателството на поранешна СФРЈ, кога со својот глас ја спречи ЈНА да изведе воен удар.

За време на опсадата (од 5 април во 1992 до 29 февруари во 1996 година), Богиќевиќ живеше и работеше во Сараево.

Тој беше член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, потпретседател на СДП БиХ и претседател на Олимпискиот комитет на БиХ. Богиќевиќ е добитник на повеќе награди, меѓу кои и Шестоаприлска награда на Град Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот