Богдановиќ за коментарот дека Димитров е „идиот“: Сите сме луѓе и може да избрзаме

Фото: Фејсбук

Откако градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, во коментар на објава во која му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, напиша дека министерот за надворешни работи Никола Димитров е „идиот“, па набргу го избриша коментарот, за „Порталб.мк“, рече дека „избрзал“ со таа реакција.

Богдановиќ за „Порталб.мк“ вели дека навредата била последица на избрзана постапка и дека воопшто не поддржува луѓе што поддржуваа злосторства против човештвото.

– Нормално, не сум поддржувач на злосторства, без разлика за кого станува збор. Можеби избрзав малку. Сите сме луѓе и може да избрзаме. Му кажав на министерот дека тој застапува политика на држава, а не на доделување награди. Сепак станува збор за книжевност. Министерот не треба да се меша во работи што не се во негова надлежност – изјавил Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот