6.8 C
Скопје

Богдановиќ: Во оваа ситуација, за жал, ќе мора да се издаде одобрението за градба кај „Холидеј Ин“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма посочи дека доколку нема правни механизми и опции, одобрението за градба за проектот кај хотелот „Холидеј Ин“ ќе мора да се издаде.

– Единствен начин да се спречи градењето е мораториумот, а ние од Општина Центар, по одлуката на Уставниот суд, повеќе немаме ингеренции. Ние како општина ќе ги бараме сите правни механизми. Ако се докаже нешто спорно евентуално, тогаш целосната постапка ќе мора да сопре. За жал, одлуката во ваква ситуација односно одобрението за градба, ќе биде легално, истакна Богдановиќ.

Исто така, тој го образложи ДУП-от и процедурата во однос на правните механизми, но и појасни дали на просторот кај Холидеј Ин ќе има и детска градинка сместена во подрумот.

– ДУП подразбира работа на низа експерти и лица кои се засегнати од сето ова. За конкретниот план, единствен механизам ни беше да го раскинеме договорот по трипати опоменувањето на планерот. Ревидирањето на планот подразбира давање на насоки, и откако ќе се стигне до одредено ниво, се доаѓа до судири со планерот. Во изминативе години не се појави реакција за тоа што е спорно. На таков простор, комисијата ни сугерираше дека мора да има детска градинка. Дилемата беше каде ќе биде сместена на прв, втор или трети спрат, истакна Богдановиќ.

Скопјани со петиција против изградба на кули кај „Холидеј ин“

ВИДЕО I Три висококатници ќе никнат на паркингот кај „Холидеј Ин“: МГ Фешн“ и Македонската православна црква уплатиле комуналии

ВИДЕО | Сабриоски: Судски, политички и бизнис игри со парцелата кај Холидеј ин – му се случува ли на Скопје урбицид!?

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар