Богдановиќ: Верувам во критиките на Бранко Црвенковски

Градоналаникот на Центар Саша Богдановиќ го искажа ставот во врска со писмото на поранешниот претседател на државата, но и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во врска со повикот партијата да свика централен одбор, Богдановиќ верува во искрените намери на Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии.

Црвенковски го замрзна своето членство во СДСМ

-Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои што сме запознаени, а има и такви за кои не сме запознаени. Треба да оставиме простор и време за да видиме што значи тој договор и на крај секој од нас ќе си го каже својот став. Многу ни е важно сите да знаеме која ни е целта и патот по кој одиме, но исто така е важно да знаеме која е цената што ние како општество треба да ја платиме. Верувам дека се искрени намерите и како сугестија и како критика, со цел да се постигне единство како држава, не само како партија. Само така ќе имаме исчекор во процесот во кој долго време бевме заглавени, рече Богдановиќ.

СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, граѓаните избраа иднина, а Црвенковски е историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот