Богдановиќ: Тргањето на заштитата не значи и рушење на Порта Македонија

Откако Министерството за култура ја тргна заштитата на „Порта Македонија“, од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, граѓаните стравуваат од можноста за нејзино уривање. Со тргање на заштитата, објектот повеќе не се смета за културно наследство, туку за обична градба изградена во рамки на проектот Скопје 2014.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека со тргање на заштитата објектото губи секакво уметничко значење и се отвора можност за тоа, но за тоа дали ќе се урива или не овој објект не одлучува Општината, туку инвеститорот, односно Министерството за култура. Оттаму  велат дека ја поддржуваат определбата на Владата за решавање на незаконските проекти.

Министерството за култура смета дека за рушење е надлежна општина Центар а од општината велат дека со тргање на заштитата се отвора простор за рушење, но дали ќе се руши објектот одлука мора да донесе инвеститорот односно министерството за култура.

Порта Македонија беше отворена на 6 јануари 2012.  Висока е 21 метар. Однадвор има релјефи на површина од 193 квадратни метри, што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири.

На горниот дел од Портата има платформа за набљудување со три дурбини, а дотаму водат два лифта и две скалишта. Пред да биде затворена, Портата имаше повеќе намени. Во неа се склучуваа граѓански бракови, се одржуваа прес конференции и свечености.

Веќе подолго време се отвора дебата во јавноста дали е точно или не дека  Порта Македонија узурпира јавен простор и ја намалува проодноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот