Богдановиќ со звукот на сирената и донесе триумф на Јута (ВИДЕО)

twitter

Хрватскиот кошаркар повторно е херој на Јута, овој пат во дуелот со Хјустон.

Бојан Богдановиќ иако натпреварот го заврши со само осум постигнати поени, токму тој е херојот на Јута џез во триумфот од 113:114 против Хјустон.  Богдановиќ од тешка позиција со двајца противнички играчи покрај себе, успеа да постигне тројка во последната секунда од натпреварот со која неговиот тим дојде до победата.

Најефикасен во редовите на Јута беше Џордан Кларксон со 30 постигнати поени, додека Донован Мичел уфрли 25 поени. На Хјустон не му помогна ниту трипл-дабл учинокот на Џејмс Харден од 30 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

ЛА клиперс по убедливиот пораз, им се врати на победите и со 133-92 го совлада Кливленд кавалирс. Први имиња во победата на клиперси беа Лу Вилијамс со 25 и Пол Џорџ со 22 постигнати поени.


Највозбудливо беше во Атланта каде се играа две продолженија, а на крајот се радуваше домашниот тим. Во дуелот на најслабите екипи во Источната конференција, Атланта со 140:135 го победи Њујорк.
Одлична партија имаше Тре Јанг со 48 поени и 13 асистенции, додека во редовите на Њујорк се истатка Џулиус Рендл со 35 поени и 18 скокови.


Резултати:
Атланта – Њујорк 140:135
Филаделфија – Чикаго 118:111
Вашингтон – Мемфис 99:106
Хјустон – Јута 113:114
Кливледн – Лос Анџелес клиперс 92:133
Портланд – Мајами 115:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот