Богдановиќ се премисли: Терасата на белиот дворец ќе „преживее“, била доказен материјал

Во случајот „Талир 2" обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според обвинението поднесено од поранешното СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице Бетон Скопје да го изгради седиштето на политичката партија.

Терасата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се смета за доказен материјал за спор кој е во судска постапка и затоа не смее да биде срушена, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој во предизборната кампања изјавуваше дека според документите од Градежниот факултет е утврдено дека терасата е дивоградба и веднаш по добивањето на градоначалничкиот мандат, општината ќе започне активности за рушење.

Рушење на терасата се најавуваше уште во мандатот на Андреј Жерновски, кој во една прилика рече дека прашање на време е кога ќе биде издадено решение за уривање, бидејќи станува збор за дивоградба.

Белиот дворец, како што јавноста го нарекуваше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ доби статус на дивоградба, откако се најде на листата објекти чии одобренија за градење беа поништени со одлуката на Општина Центар за поништување на четири урбанистички планови кои се однесуваат на централното градско подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот