Богдановиќ се пофали дека му го „дигна“ ферарито на Перо Антиќ
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, по реакцијата на граѓаните дека еден од најдобрите поранешни кошаркари и сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, непрописно е паркиран, објави фотографии како пајак го дига возилото на Антиќ.
На познатата Фејсбук-група „Ѕид на сообраќајниот срам“, на која граѓаните објавуваат непрописно паркирани возила и прекршоци на коловозите ширум државата, се појавија реакции за непрописното паркирање на Антиќ.
Сепак, ова не е првпат граѓаните да се жалат од поранешниот НБА-играч. Претходно во август на Твитер, граѓани објавуваа дека тој во близина на просториите на КФМ често непрописно се паркира, а според лица кои често се движат во тој дел од градот, Антиќ по реакцијата прекинал да го паркира својот џип на таа локација.
Едно од возилата на @antic12pero
кои ги паркира кај му ќефне
Перо Антиќ е претседател на #КФМ
Перо Антиќ е милионер
Перо Антиќ нема пари за паркинг
Перо Антиќ е уствари најобичен сељак со пари
Не биди Перо Антиќ pic.twitter.com/y9bxpg5J1g— zarkov (@grof_Zarkoff) August 12, 2019