Богдановиќ: Резултатите од тестот за Ковид-19 се негативни, во изолација останувам до втор негативен тест

Откако секретарот на општина Центар Маја Ралевска испадна позитивна на Ковид-19, тестирање направи и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ

Богдановиќ на својот Фејсбук профил откри дека резултатите од тестот се негативни, но дека ќе остане во изолација до вториот негативен тест.

-Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за КОВИД-19 и дека тие се негативни.
По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за КОВИД 19.Во изолација останувам до втор негативен тест.

Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на КОВИД 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена.

На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него.

Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките, напиша Богдановиќ.

Ралевска позитивна на Ковид-19, се чекаат резултати од Богдановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот