Богдановиќ: Отворен ден за жителите на Центар

фото: Фејсбук

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, од 15 октомври секој вторник од 12 часот, во салата на Советот на општината ќе има Отворен ден за граѓаните.

На Отворениот ден, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со градоначалникот и со општинските служби.

Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на [email protected].

Почнувајќи од 15.10.2019, секој вторник од 12:00 часот ќе имам Отворен ден со граѓаните на Општина Центар.Сите…

Publiée par Саша Богдановиќ sur Samedi 12 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот