Богдановиќ нема да поштеди НИТУ ЕДНА од дивите тераси во Центар - Слободен печат
ВестиСкопје

Богдановиќ нема да поштеди НИТУ ЕДНА од дивите тераси во Центар

Како што изјави тој моментално се работи на заедничка акција со општина Чаир за уривање на дивите тераси во Старата скопска чаршија

Дел од дивите тераси во Дебар Маало веќе се уништени, а општина Центар е стигната до фаза на поништување на одобренијата кои што правеле спротивно од тоа што им е одобрено, соопшти денеска на брифинг со новинарите градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Како што изјави тој, моментално се работи на заедничка акција со општина Чаир за уривање на дивите тераси во Старата скопска чаршија и го радува фактот што дел од сопствениците самите преземале мерки за да ги отстранат терасите.

 – Одиме по ред. Додека не се заврши делот со Дебар Маало, не може да се почне со уривање на терасите на други делови од општината, бидејќи граѓаните ќе сметаат дека на некои сме им попуштале. Имаме решенија за сите делови од општината каде што сметаме дека се отстапува или е почнато без одобрение – изјави градоначалникот.

Тој вели дека од улица „Ленинова“, рушењето на дивите тераси ќе продолжи по улица „Орце Николов“, потоа парк, Буњаковец, Капиштец, улица „Македонија“ и Кеј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close