Богдановиќ не се согласува со Заев дека Југославија нѐ разделувала со Бугарите

„Не можам да се согласам во тој дел баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно“, вели Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ за Дневникот на ТВ Сител прашан за тврдењето на премиерот Заев дека Југославија била таа која што не разделувала со Бугарите.

ВИДЕО | Заев: Бугарија не е фашистички окупатор и Гоце Делчев е од двете страни

„Имате добар дел, посебно во Македонија кои што работеле во заедничките државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така да во тој дел не можам да се согласам бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југославија не направила да бидеме блиски, односто исти на некој начин“, вели Богдановиќ.

Шилегов контра Заев: Не се согласувам дека бугарската војска била администрација во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот