Богдановиќ: Ќе следуваат порадикални санкции доколку се започнат блокади и кршење на рампи

Градоначалникот на општина Центар вели дека ова е една од мерките со која се обидуваат да го решат проблемот кој, како што вели, со години е наталожен таму.

Не бегаме од одговорност и не сакаме некого да оштетиме, туку напротив сакаме да воведеме ред. Но, пред се приоритет ни се граѓаните кои живеат на територија на Општина Центар. Дел од мерките ќе се случуваат и понатаму, подготвени сме да најдеме решение доколку постои, но не по цена со закани од блокади и кршење рампи. Ќе следуваат и порадикални санкции доколку некој се одлучи на таков чекор, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ одговарајќи на прашање во однос на протестите на пазарџиите од „Зелен пазар”.

Тој вели дека ова е една од мерките со која се обидуваат да го решат проблемот кој, како што вели, со години е наталожен таму.

– Освен на „Зелениот пазар” каде што регуларно луѓето продаваат, имаме доста активности на нелегална трговија што ни се случува надвор од тезгите. И таа се случува на паркинг местата, не само тоа што се злоупотребува паркинг местото и начинот на организирање на паркинг сервисот во тој дел од Општината, туку имаме недозволена трговија, узурпација на простор, уништување на урбана опрема, баш од луѓето кои претпоставувам сакаат да имаат средба со мене, тврди градоначалникот Богдановиќ.

Тој вели дека веќе почнале со одредени мерки, а една од мерките е дупли рамки со кои ќе може да се контролира влезот.

Градоначалникот повика доколку има претставници, здруженија или било каква форма на физички или правни лица да побараат средба на е-меил, рачно напишано барање или на друг начин и да остават контакт телефон да договорат средба.

– Сакам да ја чуете и другата страна, граѓаните кои живеат таму, станува збор за неколку илјади граѓани, да ви кажат со какви се проблеми се соочуваат и иницијативата што тие ја поднесоа. Утре во 18 часот веќе имаме договорено со сите куќни совети кои беа иницијатори за сите овие активности што ги спроведуваме и ќе ги слушнеме двете страни. Ние не бегаме од одговорност или не сакаме некого да оштетиме, туку напротив сакаме да воведеме ред, рече Богдановиќ.

Пазарџиите од „Зелен пазар” кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар и денеска протестираа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот