Богдановиќ: Ќе се залагам за проширување на надлежностите поврзани со заштита на животната средина на локално ниво

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Општина Центар денеска го презентираше Локалниот еколошки акционен план- ЛЕАП за периодот 2019-2025 година. Градоначалникот Богдановиќ денеска на презентацијата на планот рече дека ова претставува стратешки документ со кој ќе се обезбеди заштита на животната средина и повисок квалитет на живеење за граѓаните.

– Леап документот претставува уште една потврда за продолжување на нашите напори да воспоставиме успешна соработка со еколошките невладини организации и да добиеме насоки за развивање на дијалогот со бизнис заедницата. Работиме на почитување на законските одредби и зајакнување на капацитетите на бизнис заеднциата, со цел да се постигне намалување на потрошувачката на природни ресурси и емисии во медиумите на животната средина, рече Богдановиќ.

Богдановиќ исто така посочи дека со овој план ќе се подобри еколошката слика во општината.

– Со ваше активно учество, ги идентификувавме сегашните состојби со медиумите во животната средина и ги евидентиравме клучните предизвици изразени во: нарушениот квалитет на воздухот, управувањето со отпадот и зголеменото ниво на бучава и градежната експанзија.Тоа се состојби со кои се соочуваме во нашето секојдневие во доменот на животната средина и за истите дадовме предлог акции и мерки за нивно ефикасно надминување, дополни градоначалникот и најави залагање за проширување на надлежностите поврзани со заштита на животната средина на локално ниво, како и донесување и реализација на урбанистичка планска документација согласно стандардите и нормативите во кои ќе се запазува процентот на зелени површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот