6 C
Скопје

Богдановиќ и Баздникин засадија дрвја во знак на пријателство

За брзо време ќе почне целосна реконструкција и обнова на паркот што се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето зад Универзалната сала, кое пред извесно време Општина Центар и Руската амбасада го поставија во чест на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Ова го најави градоначалникот Саша Богдановиќ, кој заедно со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин засади неколку дрвја во знак на пријателство меѓу двете земји.

Бограновиќ рече дека за брзо време ќе почне реконструкцијата и обновата на паркот, а нивен предлог е да се вика „Парк на сеќавањето“, со цел, како што вели, и младите генерации да се сеќаваат на жртвите и борбата која ја имаа нашите предци заедно со сите учесници во Народно ослободителната војна.

Прочитајте и...  И новата верзија на обвинението на Тачи не го амнестира од одговорноста за воени злосторства на Косово

– На тој начин ќе оддадеме почит, но и ќе оставиме еден спомен на кој луѓето ќе се сеќаваат и ќе знаат се тоа што се дало како жртва за ние денес да живееме слободно – рече Богдановиќ.

Амбасадорот Баздникин посочи дека „Паркот на сеќавањето“ е во чест на сите што ги дале своите животи во текот на Втората светска војна.

Поврзани вести

Регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19, починаа 33 лица

Маријана Митровска

Анкета: Европејците се повеќе користат платежни картички

И.И.

СДСМ: Апсурдно е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ немало ништо со амандманите

Слободен печат

Израелските пратеници го усвоија првичниот предлог за распуштање на Кнесетот, се поизвесни четвртите избори за две години

И.И.

ВИДЕО | Мицкоски: Тоа што Бучковски преговара со Бугарија е вовед во ново апокалиптично сценарио

Слободен печат

Пахор е за кофинансирање и зачувување на словенечката агенција СТА

И.И.

Остави Коментар