Богдановиќ ги зачисти спомениците на НОБ (ФОТО) – Слободен печат
ВестиСкопје

Богдановиќ ги зачисти спомениците на НОБ (ФОТО)

Независната и самостојна држава е врвна цел на секоја нација. Спомените за Народно-ослободителната борба ќе продолжат да живеат во секој од нас, пишува Богдановиќ на Фејсбук.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја предводеше акцијата за чистење на спомениците кои се наоѓаат на неговата територија од периодот на НОБ, во пресрет на празникот 11 октомври.

Фото: Фејсбук

„Независната и самостојна држава е врвна цел на секоја нација. Спомените за Народно-ослободителната борба ќе продолжат да живеат во секој од нас. Им благодарам од сѐ срце на сите што беа дел од оваа мала, но и тоа како корисна акција за чистење на бистите и спомениците на хероите од НОБ“, напиша Богдановиќ на Фејсбук, притоа објавувајќи и слики од акцијата.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close