Богдановиќ доби 72 милиони долари од Атланта, на потег се „кралевите“

twitter/TSD NBA

Бекот на Сакраменто кингс потпиша четиригодишен договор со Атланта хоукс.

Богдановиќ е ограничено слободен играч што значи дека Сакраменто има рок од 48 часа да ја израмни понудата на Атланта и да остане „кралскиот“ дрес или ќе го пушти да се пресели во тимот од Источната конференција кој веќе ги донесе Ражон Рондо и Данило Галинари.

Според новинарот Марк Штајн, српскиот кошаркар има опција да го раскине договорот пред почетокот на последната четвртта година. Во договор исто така е вклучена и „no-trade“ опција според која доколку остане во Сакраменто во првата година од договорот не смее да биде разменет.

Богдановиќ од 2017 година е кошаркар на Сакраменто кингс, а во минатата сезона имаше просек од 15.1 поени по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот