Богатството на Бил Гејтс ја мина границата од 100 милијарди долари

EPA-EFE
фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Состојбата на основачот на компанијата „Мајкрософт”, Бил Гејтс надмина 100 милијарди долари. Тоа се случува првпат од 1999 година, пишува „Форбс”.

– Состојбата на Бил Гејтс оваа недела ја премина границата од 100 милијарди долари. Тоа се случи благодарение на поскапувањето на акциите на „Мајкрософт” во пресрет на финансискиот извештај, кој ќе биде објавен на 24 април, се наведува во текстот на „Форбс”.

Акциите на „Мајкрософт” вчера достигнаа максимална вредност од 123,52 долари за акција.

Според рејтингот на милијардерите на „Форбс”, богатството на Гејтс се проценува на 100,61 милијарди долари. Списанието прецизира дека во април 1999 година, во екот на акциите на технолошките компании, состојбата на милијардерот изнесуваше 100 милијарди долари.

Бил Гејтс останува втор на листата на најбогати луѓе во светот по сопственикот на „Амазон”, Џеф Безос, кој има 152,95 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот