Богатите уште побогати: Богатството на руските олигарси расте и покрај корона кризата

Бројот на милијардери во Русија во последните два месеци порасна од 99 на 101 лице. Нивното заедничко богатство порасна од 392 милијарди на 454 милијарди долари, пишува „Форбс“.

Богатството на петтемина најбогати Руси од почетокот на пандемијата се зголемило за 22,6 милијарди долари и сега тоа се проценува на 109,5 милијарди долари.

– Владимир Потањин, сосптвеник на „Норилск никел“, забележал раст на богатството од 6,4 милијарди долари и сега неговото вкупно богатство се проценува на 26,1 милијарда долари.

– Вигет Алекперов, косопственик на „Лукоил“, со раст на богатството од 5,4 милијарди, вкупно поседува богатство во вредност од 20,8 милијарди долари.

– Леонид Михељсон, претседател на бордот на директори на „Новатек“, забележува раст од 5,4 милијарди долари, а неговото вкупно богатство сега се проценува на 22,5 милијарди долари.

-Владимир Лисин, косопственик на „NLMK“, со раст од 2,9 милијарди долари сега поседува богатство вредно 21 милијарда долари.

– Алексеј Мордашов, претседател на „Северстал“, бележи пораст од 2,3 милијарди долари и сега вкупно има богатство од 19,1 милијарда долари.

За време на пандемијата, двајца Руси успеале да влезат во кругот на милијардерите, претседателот на советот на директори на концернот „Росиум“, Роман Авдејев и шефот на групата за рибна индустрија „Норебо“, Виталиј Орлов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот