Богатите Руси ги префрлаат парите во Дубаи

Дубаи

Богатите Руси се зафатени со префрлање на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од сѐ поострите санкции против Русија поради инвазијата на Украина, дознаваат денеска финансиски и правни извори.

Дубаи, финансиски и деловен центар познат по тоа што нема строга регулатива, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот и Москва, беше сигнал до Русите дека нивните парите би биле безбедни.

ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции од западен стил, ниту пак централната банка на ОАЕ издаде инструкции за санкциите од САД и европските сојузници.

Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка.

Ова го потврди и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот Залив.

„ОАЕ е погодно место (за бизнис) – оддалечено на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, рече менаџерот за инвестиции.

Руски клиенти со сметки во приватни банки, откри еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки. Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во, на пример, недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот.

Дубаи, исто така, долги години е многу популарна туристичка дестинација за Русите и е на самиот врв по бројот на посети и по бројот на купувачи на недвижнини.

Во 2018 година, ОАЕ воведоа „златна“ визна програма која на инвеститорите и другите професионалци им нуди 10-годишна дозвола за престој. Канцеларијата за медиуми, Министерството за надворешни работи и централната банка на ОАЕ не одговорија на прашањето колку руски пари моментално се слеваат во Дубаи.

Засега, нема индикации дека руското богатство што се влева во Дубаи би можело да биде погодено од западните санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот