Богатите масовно купуваат недвижности во оваа екс-ЈУ земја: Не прашуваат за цена!

фото: glasistre.hr

Богатите луѓе од сите страни од светот се воодушевени од Истра и многу од нив сакаат таму да купат недвижности. Најмногу се бараат семејни куќи, становите не ги интересираат толку многу.

Минатата година е остварен рекорд од 432 продадени куќи во Истра, пишува „Гласот на Истра“.

Според заедничкиот извештај за пазарот на недвижности во Истарската жупанија, градовите Пазина и Пула во 2018. година, во таа година во однос на претходните две прометот во недвижностите е во пораст. Се забележува дека трендот во продажбата на станови во 2018. година бележи пад, додека значително расте продажбата на семејни куќи и викендици во 2017. и 2018 година.

Цените на куќите се движат од неколку стотини илјади евра, па до преку милион евра за некои недвижнини.

– Станува збор за многу богати купувачи што докажува дека Истра е исклучителна посакувана дестинација. Најчести клиенти со кои соработуваме и кои купуваат доаѓаат од Словенија, Германија и Австрија“, вели Снјежана Госпиќ, сопственичка на водечката агенција за продажба на недвижности „Arx Primus“ од Умаг.

Во Пула се продадени 337 станови

Најмногу станови се продени во Пула – 337. Следи Пореч со 250, Умаг 158, Новиград 152, Медулин 96 и Лабин со 87 продадени станови. Движењето на понудата и побарувачката на пазарот на недвижности во Истра е непредвидливо, затоа што во 2016. година е забележана продажба на 1.147 станови, во 2017. година се 1.719, a лани е забележан значителен пад кога продажбата на станови се намали на 1.479.

– Една од главните причини за тоа е што порасна побарувачката за купување на семејни куќи или премногу луксузни станови, кои најмногу недостасуваат на истарскиот пазар. На пример во Умаг може да се забележи дека многу малку градат такви нови стамбени објекти, па поради тоа би нагласила дека е потребна изградба на такви објекти, затоа што има голем интерес за нив. Добар пример во Истра е Новиград кој има голема понуда на нови станови и каде цената достигнува од 2.500 до 3.500 евра за метар кавадратен. Инаку најбарени се становите со големина од 50 до 60 квадрати, кои имаат оптимална вредност од околу 100.000 евра – истакнува Госпиќ за „Гласот на Истра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот