Богатите ја обожуваат оваа земја од поранешна СФРЈ!

Флота на супер јахти овој месец беше во Хрватска, а во последните 5 дена пристигнаа дури 55, што е двојно повеќе во однос на минатиот месец.

Црна Гора ја нема во топ-листата на Bloomberg, иако во последниве години е очигледен растот на мега-јахти кои пристигнуваат во Тиват, Будва и Котор.

фото: Bloomberg.com

Хрватска, од друга страна, според бројот на луксузни пловила го претстигна и познатото монденско место Монако, кое во јули бележи пристигнување на само 32 јахти и се наоѓа на петото место зад Италија, Франција, Грција и Шпанија.

Италија доминира. Оваа земја во текот на јули на својoт брег има привлечено дури 203 супер-јахти, а пак САД само 142.

фото: Bloomberg.com

Грција, која доживува голема туристичка реконструкција, и во сегментот на наутичкиот туризам бележи раст во јули со пристигнувањето на 134 мега-јахти кои се закотвени на нејзиниот брег, 20 повеќе во однос на јуни.

Неочекуван пад бележи Шпанија која во јуни имала 123 луксузни јахти, а во јули дури 92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот