Богатите деца од Швајцарија живеат во луксуз: Се фалат со накит, бесни коли, пари и авиони (ФОТО)

Принтскрин/Инстаграм

На фотографиите кои ги објавуваат на Инстаграм може да се види како тие уживаат во луксузниот живот…

За многу луѓе на Балканот Швајцарија претставува синоним за богат и лагоден живот, а кога ќе видите како таму живеат децата на богатите луѓе, можеби истото ќе го помислите и вие.

Нивниот лагоден живот на висока нога, јасно може да се види на фотографиите кои се објавени на Инстаграм профилот „Богатите деца од Швајцарија“.

И тие, како и нивните врсници од другите земји од светот, се фалат со своите раскошни станови, автомобили, гардероба и патувања на социјалните мрежи.

Исто така, често престојуваат на луксузни дестинации, до кои пристигнуваат со приватни авиони и хеликоптери. Често одат во шопинг и не им е проблем да потрошат огромна количина на пари.

Не се изоставени ниту фотографиите со златни јахти, скапоцени часовници и друг накит.

Многу од нив купуваат и скапоцена облека за своите миленици, особено за кучињата.

А некои од нив за миленик имаат егзотични животни, како тигри, леопарди и змии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот