Богатата наследничка сексуално искористила 14-годишно момче четири пати во еден ден

Фото; Принтскрин/Инстаграм

Савана Дејсли (45) е богата австралиска наследничка која поседува коњи, а сега се соочува со обвинувања за сексуално искористување на 14-годишно момче и тоа четири пати во еден ден!

Дејсли се најде на суд во Сиднеј под обвинение за сексуална злоупотреба на деца, а судијката Жаклин Милеџ одбила да ја пушти со кауција поради „прилично вознемирувачките обвиненија“.

Мајката на две деца и ќерката на познатиот австралиски одгледувач на коњи Рос Дејсли, категорично ги негира сите обвиненија и се изјаснува за невина. Во полициските извештаи се наведува дека Дејсли минатата година во еден ден, и тоа до 17 часот, четири пати сексуално искористила малолетно момче четири пати. Не е јасно дали се познавале претходно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mrs ESR (@esrhine)


Адвокатот на обвинетата тврдел дека обвинувањата против неговата клиентка биле „за инает“ и дека се работи за „заклетва против заклетва“, пренесува „Њујорк пост“. Сепак, обвинителот Даниел Ричардсон тврди дека доказите постојат и дека полицаецот му кажал за снимката од телефонски повик до Савана Дејсли на која таа наводно признава дека го бакнала тинејџерот.

Ричардсон исто така изјавил дека видеото открива дека Дејсли малку се сеќава на инцидентот бидејќи наводно била пијана во тоа време.

„Таа вели: „Мислев дека ќе ми повикаш полиција, мислев дека го ставивме ова во мала кутија и го фрливме длабоко во морето“. „Полицаецот ме упати дека телефонскиот повик е лош за неа. Фактите се дека таа даде признанија кои се снимени во телефонскиот разговор и тоа е прилично сериозна работа“, рекол обвинителот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wise Supreme ™ (@wise_supreme)


Профилот на Дејсли на Инстаграм сега е избришан, но австралиските медиуми имаат принтскрин од нејзините објави во кои таа тврди дека е трезна 223 дена. Таа на Инстаграм открила и дека повеќе не е со својот партнер со кого била осум години.

Нејзиниот славен татко се понудил да плати 10.000 долари за судот да ѝ одобри условна слобода на неговата ќерка, но судот ја одбил таа понуда. Така Дејсли останува зад решетки до следното судско рочиште, кое е закажано за 23 август.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот