Богаташки каприци: На што си ги троши парите Ким Кардашијан

Ким Кардашијан, Фото: Instagram, Snapchat

Да се биде една од најбогатите славни личности секако има свои предности, а за нив Ким Кардашијан, зборува често. Во едно интервју рече дека напишала на „Твитер“ колку ѝ се јадат орео колачиња, па за многу кратко време компанијата ѝ ги доставила пред врата. Очигледно, желбите на Ким се исполнуваат и по линија на најголем апсурд богатите моќници секогаш добиваат бесплатни работи, па билионите на Ким остануваат да бидат потрошени во бизарни потфати.

Еве список на некои од најчудните работи на кои Ким Кардашијан ги потрошила своите пари

Роденденска забава на приватен остров сред пандемија

Кардашијан ги шокираше сите кога изнајми цел остров за нејзиниот 40-ти роденден. Според „Insider“, таа одлетала со некои од нејзините пријатели и членови на семејството на петдневен одмор. Времето го поминувала во забавни активности со своите блиски. Таа потрошила околу 2 милиони долари за петдневното патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Доби критики за планирањето на оваа забава бидејќи овој собир беше среде пандемијата Ковид-19. Сепак, таа гарантираше дека нејзините гости ѝ таа биле подложени на повеќе здравствени прегледи и тестови.

И уште еднаш, ова не е прв пат таа да изнајми цел остров, во 2017 година Кардашијан изнајми остров во близина на брегот на Флорида за да го прослави роденденот на Канје Вест.

Позлатени тоалетни школки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Koh (@da_smarter_alec)

Во 2013 година, кога Кардашијан и Канје Вест купија имот, се разбира дека ентериерот беше скап. Сепак, некои од најекстравагантните додатоци на куќата биле тоалетните школки – бидејќи биле направени од злато. Според „Daily Mail“, Кардашијан и Вест поставиле четири позлатени школку во нивните бањи. Тие на крајот потрошиле околу 750.000 долари само за комфортот на нивните задници.

Фрижидер обложен со Сваровски

Заедно со златните тоалетни школки, фрижидерот декориран со Сваровски кристали бил уште еден екстравагантен предмет во домот на Кардашијан според „Yahoo“. Тоа бил само мал фрижидер под шанк кој се користел за пијалоци, но луксузните кристали Сваровски не биле единственото збогатување во кујната, двојката исто така потрошила над 1 милион долари во апарати Електролукс.

Корпи за отпадоци – Луј Витон

Фото: Ким Кардашијан-Snapchat

Значи, не е јасно дали фотографијата што Кардашијан ја објави на нејзиниот „Snapchat“ е од канти за отпадоци од Луј Витон што ги купила од самиот дизајнер, но сепак, објавата предизвика голема врева на Интернет. Многу од нејзините обожаватели имаа различни реакции за монограмските корпи за отпадоци и рециклирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот