„Богаташите“ од Премиер лигата гневни поради продажбата на Њукасл, додека малите екипи им тераат сеир: „А сакавте европска Суперлига“

Пробажбата на Њукасл ги загрижи останатите екипи во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/LYNNE CAMERON

Челниците на 19-те премиерлигашки екипи одржаа итен состанок со челнивите на Лигата на кои им беше објаснето зошто е прифатена продажбата на Њукасл за сума од 350 милиони евра на Саудискиот инвестициски фонд кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман.

Како што објавуваат англиските медиуми, најголеми противници против преземањето на принцот Мохамед бин Салман биле Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем кои се дел од „богатите“ клубови во Англија.

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс и претседателот Гари Хофман им се обратија на екипите по тоа прашање, а на состанокот кој беше одржан преку видео конференција не присуствуваа претставници на Њукасл.

Според „Дејли Мејл“, најгласни противници на преземањето на Њукасл од страна на саудискиот принц биле луѓето од Манчестер јунајтед, Тотенхем и Евертон кои биле гневни бидејќи вештачки се зголемува конкуренцијата за позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите.

За разлика од нив, „помалите“ клубови беа расположени за хумор така што ги потсетиле шесте „богаташи“ од Премиер лигата на пропаднатиот проект за создавање на европска Суперлига во кој беа и тие инцијатори, но потоа се повлекоа.
– Големите клубови се нервозни бидејќи нивните места за Лигата на шампионите оддеднаш станаа потешко достапни. Многу помали клубови се опуштени по прашањето околу преземањето на Њукасл – изјави за „Дејли Мејл“ неименуван функционер кој присуствувал на состанокот.

Клубовите се лути бидејќи немало доволно комуникација како и поради податокот дека биле нападнати од сопствените навивачи оти дозволиле да се реализира продажбата на Њукасл. Челниците на Премиер лигата објаснија дека немале никакви опции освен да дозволат Њукасл да биде продаден откако Саудиска Арабија достави правни гаранции дека Саудискиот инвенстициси фонд кој сега е сопственик на 80 проценти од акциите, нема да се меша во спортските одлуки на клубот.

Премиер лигата и понатаму има можност да реагира доколку се посомнева дека во работата на клубот директно се мешаат саудиските власти на чело со принцот Мохамед бин Салман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот