15 C
Скопје

Богаташите бегаат од Њујорк: Eлитните места на „Големото јаболко“ сè повеќе се празнат (ВИДЕО)

Во наведениот временски период вкупниот број на население во Менхетен, централен дел на Њујорк каде се сместени овие квартали, се намалил за 20 отсто.

Пет проценти од населението на Њујорк го напуштиле градот откако метрополата беше зафатена од пандемијата со новиот коронавирус, објави „Њујорк тајмс”.

Во градот живеат околу 8.4 милиони жители. Од 1 март до 1 мај, околу 420.000 жители, претежно оние од високата класа кои живеат во елитните места на „Големото јаболко”, заминале од градот.

Весникот се повикува на анализи добиени со геолокација на паметни телефони спроведени од технолошка компанија од Њу Мексико. Се дознава дека во многу делови на Њујорк населението е сè уште таму, но бројот на популацијата во кварталите како Сохо, Вест вилиџ, Морнингсајд хејтс, Апер ист сајд, Фајненшл дистрикт (каде што е Волстрит), Мидтаун, Гремерси и Бруклин хејтс се намалил за 40 проценти или повеќе.

Прочитајте и...  Полициски час во Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Рајт

Во наведениот временски период вкупниот број на население во Менхетен, централен дел на Њујорк каде се сместени овие квартали, се намалил за 20 отсто.

Геолокацијата покажува дека главните дестинации на побогатите њујорчани се крајбрежните места и гратчиња на источниот брег како Лонг Ајленд, и други подалечни места на северното крајбрежја на сојузната држава. Многумина пак избегале во поблиските места како Мартас винјард, Кајп код, Роуд ајленд, североисточна Пенсилванија и северозападен Конектикат.

Локалните жители таму се жалат дека супермаркетите се испразнети од „градските луѓе”, кои остануваат да живеат во викендичките. Во некои места како Хемптонс, месечните станарини пораснале повеќекратно, па некои домови се изнајмувале и за 30.000 долари за престој од две недели.

Прочитајте и...  Ангелов: Бугарија може да ја повлече од употреба вакцината „АстраЗенека"

Жителите се жалат и дека некои од дојденците се бездомници, кои со себе го донеле и вирусот, па бројот на заразени и починати од Ковид-19 во окрузите како Суфолк драстично се зголемил.

Но, некои имашни жители на Њуорк заминале и многу подалеку – јужна Флорида, Лос Анџелес во Калифорнија, Феникс во Аризона, или Чикаго. Се дознава дека повеќе од 50 отсто од оние што заминале заработуваат над 100.000 долари годишно, додека 33 проценти се со годишна заработувачка од над 200.000 долари.

– Поради социјалната раслоеност, кризата не настапила еднакво за сите. Толку често повторуваното мото „во ова сме сите заедно”, сепак, не важи за сите, изјави Ким Филипс-Фејн, професор по историја во Њујорк универзитет.

Прочитајте и...  Бројот на туристи во февруари намален за 41,7 проценти

Весикот наведува дека главната причина за овој егзодус се замрените економски активности во наведените елитни квартали на Њујорк, чии бизниси остануваат затворени откако таму изби епидемијата.

Во меѓувреме, гувернерот Ендрју Куомо го продолжи карантинот во градот до13 јуни.

Њујорк стана епицентар на епидемијата во САД, но и и на светско ниво, надминувајќи ги бројките на заразени и на првично позагрозените како Франција и Германија. Во градот Њујорк се регистрирани повеќе од 186.000 инфицирани лица, од кои 15.300 починале, но се претпоставува дека е поголем бројот на смртни случаи за најмалку 5.000 лица.

Поврзани вести

Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран

Слободен печат

Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед

Слободен печат

Филипче: Цените за лекување на коронавирус во приватните клиники предлагаме да се движат од 40.000 до 305.000 денари

Слободен печат

Радев ја закажа првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент за 15 април

Слободен печат

ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Александра Бубевска

ВИДЕО | Ременски: Имаме системски скандал – институционализирани форми на организиран криминал и злоупотреба на биометриските податоци

Слободен печат

Остави Коментар