Богата и вкусна велигденска баклава (РЕЦЕПТ)

Фото Профимедиа

Потребни состојки:

1/2 кг кори за баклава
200 гр ореви
100 гр бадеми
100 гр суво грозје
100 гр бисквити
50 гр гриз
100 гр маргарин
100 мл сок од портокал (тетрапак)
3 лажици шеќер
Масло

Шербет:

500 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 поголем лимон

Подготовка:

Оревите, бадемите и бисквитите измелете ги и измешајте ги. Стопете 50 гр од маргаринот и додадете го во сувите состојки, а потоа и шеќерот, сувото грозје, гризот и сокот.

Во остатокот од маргаринот додадете сосема малку масло и стопете го.

Првата кора премачкајте ја со смесата од масло и маргарин, ставете уште една кора и премачкајте ја, а потоа истото направете го и со третата кора. На работ од корите ставете од филот и свиткајте ролат.

Редете ги ролатите во намастена тава за печење.

Потоа исечете ги на мали ролни и премачкајте со остатокот од маслото и маргаринот. Печете на 200 степени околу 25 минути.

Потоа, 500 гр шеќер сварете го со 300 мл вода, заедно со ванилиниот шеќер и лимонот исечен на кругови. Сипајте топол шербет врз топла баклава.

Оставете најмалку еден ден да се впие и да се изедначат вкусовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот