Богат плен на пристаништето во Пиреја: Во контејнер со банани од Еквадор, пронајдени и 100 килограми кокаин

Пристаниште/илустрација / Фото: commons.wikimedia.org

На атинското пристаниште во Пиреја, во внатрешност на контејнер полн со банани, биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен во 90 пакувања, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според „Катимерини”, контејнерот пристигнал од Еквадор, а атинското пристаниште била крајната дестинација на товарниот брод.

Кокаинот не бил откриен при рендгенската проверка, туку бил пронајден по физичката контрола од секторот за борба со дрога на грчката полиција, во соработка со одделот за борба со финансиски криминал.

Ова е втор ваков случај во период од еден месец, кога на 3 февруари, исто така во контејнер со банани од Еквадор биле откриени и запленети 34 килограми кокаин, со таа разлика што тогаш, крајната дестинација била Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот