Богат „лов“ на британската полиција: Запленет тон кокаин од „А“ класа во вредност од 128 милиони долари

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Британската полиција заплени околу еден тон кокаин, скриен во гајби со овошје од Јужна Америка, при што уапси двајца мажи, јавија денеска полициските власти.

Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 128 милиони долари, а пронајден е во пристаништето Довер, на југоистокот на Англија.

Уапсените мажи на возраст од 40, односно 64 години се осомничени за шверц на дрога од А класа, а полицијата ја открила дрогата со дешифрирање на пораките на организаторите.

– Оваа операција спречи големо количество кокаин да заврши на улиците, изјави еден од инспекторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот