Бог се маскира во Мајкл Џордан – сите зборуваат за „Последниот танц“

Минатата ноќ на ЕСПН телевизијата започна емитувањето на документарниот филм во десет епизоди „Последниот танц“ посветен на последната шампионска сезона на Чикаго булс од 1997-98.

Нормално, во центарот на приказната е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, и неговиот однос со соиграчите во сезоната 1997-98 која беше негова последна во Чикаго.

„Последниот танц“ на Џордан во Чикаго беше шестиот натпревар од големото НБА финале против Јута џез, кога во последната минута, прво му ја украде топката на Карл Мелоун, а потоа со легендарниот дриблинг го исфрли Брајон Расeл од игра и ги постигна последните поени за шестата шампионска титула.

Утринава беа емитувани првите две епизоди кои се посветени на „развојот“ на династијата на Чикаго како и на лошиот однос кој владешее помеѓу челниците на екипата и самите кошаркари.

Идејата на сопственикот на клубот да дозволи генералниот менаџер да ја растури династијата спротивно на желбите на своите супер ѕвезди е незамислива во денешно време – прокоментира новинарката на ЕСПН, Рамона Шелбурн.


Во „Последниот танц“ се приметува дека желбата на челниците на „биковите“ да започнат со создавање нов тим и до денешен ден го мачи Мајкл Џордан, па логично е прашањето дали тој би си заминал доколку управата одлучеше дека „летечкиот Мајкл“ може се уште да ги предводи до нови титули.

Заборавив дека лесно можеше да се случи да не дојде до „Последниот танц“. Можноста во 1997 година да биде отпуштен тренерот Фил Џексон, а Мајкл Џордан да се пензионира, сега изгледа незамисливо, но тогаш токму тоа беше во игра – вели Кевин Пелтон.

Доколку се случеше тоа сценарио поради големиот јаз помеѓу екипата и управата, ќе му ја ускратеше можноста на Џордан да го изведе еден од најпознатите моменти во историјата на НБА, кошот за титула преку Расел.

За тоа колку беше добар играч Мајкл Џордан, најдобро е опишано во втората епизода од документарниот серијал. Легендата на Бостон, Лери Бирд, се потсетува за незаборавниот плејоф натпревар од 1886 година кога Џордан во „Бостон гарден“ арената постигна 63 поени.


Тоа не беше Мајкл Џордан, тогаш Бог се маскира во Мајкл Џордан – зборува Бирд.


Токму на тој натпревар, кошаркарскиот свет сфати дека гледа нешто поседбо,неверојатен кошаркар каков што дотогаш никогаш немало иако до првата титула „летечкиот“ дојде пет години подоцна.

Изборот на Сем Боуви за втор пик на драфтот пред Џордан во 1984 година треба да биде пример дека никогаш не треба да избираш играл кој ти е потребен пред поталентиран кошаркар. Идејата дека Џордан не можел да игра со Клајд Дрекслер бидејќи и двајцата се шутери зборува за ригидното сфаќање на кошаркарската игра – вели Мајк Шмиц.

Следниот трет дел од документарниот серијал „Последниот танц“ ќе се емитува на 27 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот