Бодибилдер „здрав како дрен“ починал од Ковид откако одбил да се вакцинира

џон антиваксер
ФОТО: Facebook

42-годишник кој бил пример за здравје, планинар и бодибилдер, починал од Ковид, откако одбил да ја прими вакцината, оставајќи ги неговата сестра близначка, ќерка и мајка скршени. Тие ги предупредуваат другите да не мислат дека се имуни на опасностите од вирусот.

Џон Ејерс бил опишан од неговата сестра Џени МекКен како „најфит, најздравата личност што ја познавам“. Таа додала дека нејзиниот брат се качувал на планините во Велс четири недели пред неговата смрт.

Но, тој бил ставен на интензивна нега откако се заразил со коронавирус, кажувајќи му на својот консултант дека посакува да бил вакциниран. Неговата близначка рече дека смртта на нејзиниот брат била „трагедија“.

„Мислеше дека ако се зарази со Ковид-19, ќе биде добро. Мислеше дека ќе си помине со лесно. Тој не сакаше да стави вакцина во неговото тело. Во болница му дадоа секакви лекови, но не беше успешно“, напиша Џени на „Фејсбук“.

Извор: „The Guardian“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот